Петар Печков
Објавено: недела, 03 октомври 2010
Бамја (Hibiscus/Abelmoschus esculentus) е едногодишно растениеод фамилијата Malvaceae. Се одгледува заради младите 4-5 дена стари плодови кои се консумираат зготвени. Позната е од пред 3.000 години во Египет и Азија. Кај нас е застапена на многу мали површини.
Бамјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да никнува на 15 степени целзиусови а оптимални се 25 степени. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28 степени. Исклучиво е светлољубива припадничка на долгиот ден.
Tweet |